Во рамките на акцијата „Со силни жени до зајакнати заедници“ беше спроведено теренско истражување за утврдување на степенот на познавање на жените за механизмите за нивно вклучување во креирањето на локалните политики, нивното досегашно учество, нивниот интерес и формата на идни консултации во кои активно би се вклучиле.
Истражувањето се реализираше преку спроведување на теренска анкета наменета за жените од руралните средини, а анкетирањето го спроведоа локални жени кои активно се вклучени во работата на нашата организација.
Анкетните прашалници беа поделени на жените во девет села на територијата на општините Демир Капија, Градско и Росоман, а дел од добиените резултати се прикажани во продолжение.
Оваа активност е дел од проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, финансиран од Европската Унија, ко-финансиран од Шведска, а имплементиран од The Kvinna till Kvinna Foundation во партнерство со Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска, Скопје и Хумантарно здружение Мајка, Куманово