Состанок за вмрежување на локалните активистки на ОЖ Женско Лоби

Како дел од нашите активности во Демир Капија беше реализиран состанок за вмрежување на нашите локални активистки од 11 заедници кои делуваат на територијата на општините Демир Капија, Градско и Росоман.

На состанокот беа презентирани постигнатите резултати и промени и активистките споделија добри практики, искуства и предизвици.

Дефиниравме нови пристапи и форми на соработка во насока на поефикасно јавно застапување на потребите и приоритетите на жените од локалните заедници пред надлежните институции.

Дополнително, ја презентиравме и програмата за младинско учество и воспоставување на мрежа на млади активистки која има за цел да поттикне активна улога на девојките и младите жени во процесите на донесување одлуки и зајакнување на нивниот глас во заедницата.

Планираме заеднички иницијативи, делуваме координирано и придонесуваме кон поинклузивен локален развој.

 
Активноста е реализирана во рамките на институционалната поддршка од Акција Здруженска.

Галерија