Јавна трибина за важноста на женското учество во креирањето на локалните политики

Во Демир Капија беше одржана јавна трибина посветена на важноста на учеството на жените во процесите на донесување одлуки и креирање на локалните политики. На настанот учествуваа претставници на локалните самоуправи во Демир Капија, Росоман и Градско, членови на комисиите за еднакви можности на жените и мажите од трите општини и претставнички на Месните Женски Совети од 11 локални заедници кои во изминатиот период активно работеа на идентификување на потребите и приоритетите на своите заедници. Преку отворен дијалог беа презентирани досегашните иницијативи за јавно застапување на жените од руралните средини и можностите за унапредување на консултативните практики во локалните самоуправи. Посебен акцент беше ставен на потребата од редовна, транспарентна и двонасочна комуникација помеѓу локалните власти и жените од заедниците. Учесниците се согласија дека жените се важен двигател на позитивни промени во локалните заедници и дека нивното активно учество во процесите на планирање и донесување одлуки придонесува за поквалитетни и поинклузивни локални политики. Кога жените се слушнати, заедниците се посилни. Кога жените учествуваат, локалните политики се поправедни и поодговорни кон потребите на сите граѓани.

Повеќе информации за настанот прочитајте на страната на МИА на следниот линк:

https://mia.mk/story

Оваа активност е организирана од страна на ОЖ „Женско Лоби“-Демир Капија и е дел од проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, финансиски поддржан од Европската Унија, ко-финансиран од амбасадата на Шведска, а имплементиран од The Kvinna till Kvinna Foundation во партнерство со Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска и Хуманитарно Здружение Мајка од Куманово.

Галерија