Во Демир Капија започна спроведувањето на регионалната кампања за јавно застапување „Жените од заедницата бараат…“. Во рамките на кампањата беше реализирана улична акција преку која жените од нашите заедници се здружија и испратија силна порака за поголема транспарентност, отчетност и нивно активно вклучување во креирањето локални политики.
Преку оваа акција беа поставени информативни памфлети со клучните барања на жените на повеќе јавни локации, со цел пораките да допрат до што поголем број на граѓани.
Оваа активност е организирана од страна на ОЖ „Женско Лоби“-Демир Капија и е дел од проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, финансиски поддржан од Европската Унија, ко-финансиран од амбасадата на Шведска, а имплементиран од Kvinna till Kvinna во партнерство со Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска и Хуманитарно Здружение Мајка од Куманово.