Завршна улична акција „Жените од заедницата бараат…“ во Росоман

Со уличната акција реализирана во Росоман, успешно се заокружи серијата улични активности во рамките на  регионалната кампања за застапување „Жените од заедницата бараат…“, која претходно беше спроведена и во Демир Капија и Градско. Преку овие три акции, жените од локалните заедници заеднички упатија силна и обединета порака за поголема транспарентност и нивно активно вклучување во креирањето локални политики.

„Бараме поголем број жени да станат дел од месните заедници“ и „Жените од заедницата мора да бидат дел од органите на одлучување. Нашиот глас и нашите предлози мора да бидат слушнати“ се дел од пораките кои беа споделени за време на уличната акција што ја реализираа жените од руралните средини во општина Росоман.

Активностите се организирани од страна на ОЖ „Женско Лоби“ – Демир Капија и се дел од проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, финансиски поддржан од Европската Унија, ко-финансиран од Амбасадата на Шведска, а имплементиран од Kvinna till Kvinna во партнерство со Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска и Хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово.

Галерија

Поврзани вести