Уличната акција „Жените од заедницата бараат…“ продолжи и во Градско

Уличната акција „Жените од заедницата бараат…“ продолжи и во Градско, каде што жените од локалната заедница преку директна комуникација со граѓаните упатија порака за поголема транспарентност, отчетност и активно учество на жените во креирањето локални политики.

Во рамките на акцијата беа поставени информативни памфлети со клучните барања на жените на повеќе јавни и фреквентни локации во Градско, со цел пораките да допрат до што поголем број граѓани.

Активноста е организирана од страна на ОЖ „Женско Лоби“ – Демир Капија и претставува дел од проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, финансиски поддржан од Европската Унија, ко-финансиран од Амбасадата на Шведска, а имплементиран од Kvinna till Kvinna во партнерство со Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска и Хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово.

 

Галерија

Поврзани вести