Регионална кампања „Жените од заедницата бараат…“

Како дел од активностите во рамките на кампањата за јавно застапување „Жените од заедницата бараат…“ која беше спроведена на регионално ниво на територијата на општините Демир Капија, Росоман и Градско, беше изработен видео прилог кој ги опфаќа трите реализирани улични акции.

Видеото е достапно на следниот линк:
[линк до YouTube видеото]

Оваа активност е организирана од страна на ОЖ „Женско Лоби“ Демир Капија и е дел од проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, финансиски поддржан од Европската Унија, ко-финансиран од Амбасадата на Шведска, а имплементиран од The Kvinna till Kvinna Foundation во партнерство со Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска и Хуманитарното здружение Мајка од Куманово.

Поврзани вести